Lifestyle
Ѓорческа ги мина квалификациите на турнирот во Загреб
16.06.2025г
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на ИТФ турнирот од серијата 75 во Загреб што се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Ѓорческа избори пласман на главниот турнир, откако денеска во завршното квалификациско коло ја совлада Бугарката Денислава Глушкова со 2-1 во сетови (5-7, 6-3, 6-2) во дуел што траеше три часа.
Противничка на стартот на Ѓорческа ќе биде Ралука Георгина Шербан од Кипар, рангирана на 243. место на ВТА листата.
Ова ќе биде петти меѓусебен дуел и можност Ѓорческа да ја забележи втората победа над кипарската тенисерка.