Економија

ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО СРБИЈА СЕ СООЧУВААТ СО ШРИНКФЛАЦИЈА, трговците ја сокриваат грамажата со „мали букви“

Во Србија е се поприсутна појавата кога основните производи, како што се брашно, кафе, омекнувач, чоколадо, да се продаваат во помала грамажа и тежина но со повисока цена.  Новинарите на РТС наведува дека оваа практика, позната како shrinkflation, често се прикрива со ситни букви и ги збунува купувачите.

Познатото чоколадо, кое некогаш тежело 100 грама, сега има само 90 грама, а цената се зголемила од 1,49 на 1,99 евра. Германското здружение на потрошувачи ја прогласи оваа практика за најочигледна измама.

„Тоа е измама наречена shrinkflation. Не само продавачите, туку и производителите го прават тоа - тие ја намалуваат количината на производи, а во договор со продавачите ја оставаат цената иста или ја зголемуваат. Зголемувањето на цените, кое потрошувачите честопати дури и не го забележуваат, е еден од најчестите видови измама. Друг чест проблем е несообразноста на производите, каде што продавачите генерално ги отфрлаат жалбите“, истакнува Дејан Гавриловиќ од Здружението на потрошувачи „Ефектива“ за „РТС“.

Освен чоколадото, најчести примери за оваа практика се брашното, кафето и хемикалиите за домаќинството. Потрошувачите се жалат дека, на пример, пакувањето на омекнувачот повеќе не содржи 2,2 литри, туку 1,5, а цената останала иста. Новата количина е означена со мали букви на задната страна од пакувањето, па многу луѓе дури и не ја забележуваат, туку ја купуваат од навика.

Според Законот за заштита на потрошувачите, продавачот е одговорен ако промената на производот не е јасно означена, бидејќи потрошувачот може да ја испрати жалбата само до лицето од кое го купил производот.

Зоран Николиќ од Националната организација на потрошувачи на Србија додава дека треба да разбереме дека купувањето повеќе не е едноставна работа, туку треба да биде промислена одлука.

„Треба да ги споредиме цените и да направиме список пред да одиме во продавница. Вака заштедуваме пари и ја користиме моќта на потрошувачите“, вели Николиќ, пренесува Време.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано