Економија

НУЛА ЦАРИНИ ЗА ИНДИСКИОТ ИЗВОЗ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, Лондон добива царински олеснувања за вискито и автомобилите

Велика Британија и Индија ќе потпишат договор за слободна трговија во четврток, за време на посетата на индискиот премиер Нарендра Моди, со кој ќе се намалат царините за увоз на производи од текстил до виски и автомобили и ќе им се даде поголем пристап до пазарот на компаниите.

Двете земји ќе го потпишат договорот во време кога американскиот претседател Доналд Трамп води царински војни со други земји.

Спогодбата меѓу петтата и шестата најголема економија во светот има за цел да ја зголеми билатералната трговија за дополнителни 34,4 милијарди долари до 2040 година. Треба да стапи на сила во рок од една година.

„Трговскиот договор со Индија е огромна победа за нас. Ќе создаде илјадници работни места низ Велика Британија, ќе отвори нови можности за бизнисите и ќе го поттикне растот“, рече британскиот премиер Кир Стармер. 

Како дел од трговскиот договор, тарифите за шкотско виски ќе се намалат од 150 проценти на 75 проценти, а потоа на 40 проценти во текот на следните десет години, соопшти британската влада. Тарифите за автомобили ќе се намалат од 100 проценти на само 10 проценти.

За возврат, индиските производители ќе добијат пристап до британскиот пазар за електрични и хибридни возила, соопшти индиското Министерство за трговија. Во него се вели дека 99 проценти од индискиот извоз ќе има корист од нула тарифи, вклучително и текстилот. Британските компании ќе можат да пристапат до индискиот пазар за набавки за проекти во сектори како што се чиста енергија и услуги како што е осигурувањето, пренесува Индекс.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано