Економија

ВО КОИ ГРАДОВИ СЕ НАЈВИСОКИ ТРОШОЦИТЕ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ? – на врвот на листата е германски град

Цените на основните комунални услуги ( електрична енергија, греење, ладење, вода и собирање ѓубре) се разликуваат во градовите во Европа, но најдобра слика за висината на комуналните трошоци се добива со нивна споредба со висината на платите. Според извештајот „Мапирање на светските цени“ објавен од Дојче банк и кој опфаќа 67 градови низ целиот свет (од кои 28 се во Европа), Европа доминира на листата на најскапи градови за комунални услуги. Дури 18 од 20-те градови со највисоки месечни сметки се наоѓаат на европскиот континент.

На врвот на листата е Минхен, каде што просечната сметка за комунални услуги изнесува 370 евра. По него следат Единбург (346 евра), Франкфурт (339 евра) и Берлин (333 евра), што ја прави Германија најскапата земја за основни комунални услуги. Истанбул е најприфатливиот европски град со месечни сметки од само 68 евра, додека најевтин во рамките на ЕУ е Хелсинки со 115 евра, пренесува Курир.

Топ 10 најскапи европски градови:

1. Минхен – 370 евра

2. Единбург – 346 евра

3. Франкфурт – 339 евра

4. Берлин – 333 евра

5. Варшава – 327 евра

6. Виена – 304 евра

7. Прага – 286 евра

8. Амстердам – 275 евра

9. Осло – 271 евра

10. Лондон – 295 евра

Покрај Истанбул и Хелсинки, пониски трошоци за комунални услуги бележат:

1. Будимпешта и Лисабон – 135 евра

2. Барселона – 170 евра

3. Мадрид – 180 евра

4. Копенхаген – 182 евра

5. Атина – 197 евра

6. Милано – 200 евра

7. Рим – 202 евра

Од 2020 до 2025 година, највисок раст на сметките значително се зголемија во многу европски градови, а води Стокхолм со раст од 176%. Просекот во германските градови е околу

околу 50%

Само Будимпешта и Копенхаген забележаа пад на цените на комуналните услуги во евра.

Колку од платата оди за комунални услуги?

Во Женева, само 3,2% од просечната нето плата се троши за комунални услуги, додека во Атина тој удел е дури 18,8%. Во Варшава се троши 17,6%, во Монтреал најнизок процент на глобално ниво со 2,6%, објави Курир.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано