Економија
Намалена реалната потрошувачка на домаќинствата во eврозоната и во ЕУ
25.07.2025
Во првиот квартал од 2025 година, реалната потрошувачка на домаќинствата по глава на жител се намали за 0,2 проценти во еврозоната, откако порасна за 0,4 проценти во претходниот квартал.
Во истиот период, реалниот приход на домаќинствата по глава на жител се намали за 0,1 процент, откако порасна за 0,2 проценти во четвртиот квартал од 2024 година, соопшти Европската канцеларија за статистика.
Реалната потрошувачка на домаќинствата по глава на жител се намали за 0,3 проценти во Европската Унија во првиот квартал од 2025 година, откако порасна за 0,4 проценти во претходниот квартал. Во исто време, реалниот приход на домаќинствата по глава на жител се намали за 0,2 проценти, откако порасна за 0,3 проценти во четвртиот квартал од 2024 година.
Во првиот квартал од 2025 година, стапката на инвестиции во домаќинствата остана стабилна и во еврозоната и во ЕУ, во споредба со претходниот квартал.
Меѓу земјите-членки за кои беа објавени податоци, стапката на инвестиции во домаќинствата се зголеми во четири земји-членки, остана стабилна во шест и се намали во пет.
Холандија и Данска забележаа зголемување од 0,6 процентни поени и 0,2 процентни поени, соодветно, додека најголемите падови се забележани во Белгија (-0,5 процентни поени), Грција (-0,3 процентни поени) и Унгарија (-0,2 процентни поени), објави Бизнис.рс.
фото freepic