Економија
Цените на нафтата во пад, ОПЕК најавува зголемување на дневното производство
25.07.2025
Цените на нафтата на светските берзи паднаа под 69 долари, откако пристигнаа сигнали од Вашингтон дека може да има олеснување на санкциите против Венецуела. На лондонскиот пазар, цената на барел падна на 68,85 долари, додека на американскиот пазар падна на 65,61 долари, јавуваат агенциите.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за издавање ограничени лиценци за водење бизнис со венецуелската државна нафтена компанија PDVSA. Во февруари, Трамп ги поништи претходните дозволи, наредувајќи им на американските компании да ги прекинат операциите во Венецуела до крајот на мај. Доколку дозволите бидат одобрени повеќе од 200.000 барели венецуелска нафта дневно би можеле да се вратат на пазарот, што би го ублажило таканаречениот недостиг на „тешка нафта“.
Oд ОПЕК доаѓаат најави дека најверојатно ќе го потврдат планот за зголемување на испораките во понеделник. Земјите од ОПЕК сакаат поголем пазарен удел, бидејќи летната сезона носи силна побарувачка, а пазарот успешно апсорбира дополнителни количини.
Во САД, залихите на нафта и бензин беа значително намалени минатата недела, што е сигнал дека Американците почнале масовно да патуваат за време на летните одмори.
ОПЕК соопшти дека просечната цена на нивната референтна кошничка за нафта се искачила на 71,19 долари за барел во четврток, што е зголемување од 88 центи, пренесува Инвеститор.ме.
фото freepic