Економија
КРАТЕЊЕТО НА АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ПРИСТИГНА ДО НАСА, 20 отсто од вработените се пријавиле за „доброволен“ отказ
26.07.2025
Повеќе од 20 проценти од вработените во Американската вселенска агенција (НАСА), или околу 3.870 работници, поднеле барање за напуштање на агенцијата преку првата рунда од Програмата за одложено ослободување, потврди НАСА за CBS News.
Оваа програма беше воведена за време на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со цел да се намали бројот на вработени во федералните агенции.
Според податоците на НАСА, бројот на вработени во агенцијата ќе се намали од околу 18.000 на 14.000, што вклучува околу 500 работници кои заминале поради пензионирање и други причини.
Портпаролката на НАСА, Шерил Ворнер, нагласи дека безбедноста останува клучен приоритет за агенцијата и дека целта е да се балансира ефикасноста на организацијата, а воедно да се одржи можноста за продолжување на истражувањето, вклучително и мисиите на Месечината и Марс.
Како дел од програмата, околу 870 вработени аплицирале за напуштање во првата рунда, додека околу 3.000 работници аплицирале во втората рунда.
Програмата за одложено отпуштање беше дизајнирана како алатка за намалување на трошоците и бројот на вработени во федералната влада и беше иницирана од Одделот за ефикасност на владата.
Предлог-буџетот на Белата куќа за фискалната 2026 година предвидува намалување од 25 проценти на финансирањето на НАСА, од 24 милијарди долари на 18 милијарди долари, пренесува Еуроњуз.
фото freepic