Економија
Има околу 20 различни „спорни точки“ во преговорите меѓу САД и ЕУ, какви се шансите за договор ден пред средбата Лајен-Трамп
26.07.2025
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во недела, зголемувајќи ја надежта дека двајцата ќе се договорат за рамковен трговски договор и ќе избегнат трансатлантска трговска војна.
Луѓе запознаени со нацрт-договорот изјавија дека со него ќе се воведат царини од околу 15 проценти за поголемиот дел од увозот во САД од нивниот најголем трговски партнер.
„По добар разговор со претседателот на САД, се согласивме да се сретнеме во Шкотска во недела за да разговараме за трансатлантските трговски односи и како можеме да ги одржиме силни“, објави фон дер Лајен на социјалните медиуми во петокот.
Се очекува преговорите да продолжат додека двете страни се обидуваат да ги затворат преостанатите прашања за царините пред рокот на Трамп на 1 август, по што тој најави дека ќе воведе царини од 30 проценти.
Зборувајќи со новинарите додека ја напушташе Белата куќа во петок наутро, Трамп рече дека има „50-50% шанса“ или „можеби помалку“ САД да постигнат трговски договор со ЕУ.
Трамп по пристигнувањето во Шкотска, изјави дека има околу 20 различни „спорни точки“ во преговорите.
Трговската размена меѓу САД и ЕУ со стоки и услуги изнесуваше 1,6 трилиони евра во 2023 година, што ја прави една од најголемите трговски односи во светот. Трамп е решен да го намали годишниот трговски дефицит со стоки за речиси 200 милијарди евра во 2024 година.
Царините на ЕУ од околу 15 проценти би го одразиле договорот постигнат меѓу САД и Јапонија. Тоа би ги намалило американските царини за автомобили и автоделови од 27,5 проценти. ЕУ продолжува да врши притисок за дел од извозот на челик и алуминиум да влезе во САД по стапки пониски од 50-те проценти што ги наметна Трамп од причини за национална безбедност.
Фармацевтските производи, за кои Трамп се закани со високи царини, исто така би платиле 15 проценти.
Меѓу двете страни постои согласност да се елиминираат царините за авиони и делови и некои медицински помагала, но сè уште се разговара за тоа дали да го сторат истото за алкохолните пијалоци, пренесува Сеебиз.
фото freepic