Економија
Словенија формира посебна компанија од одбранбената индустрија
28.07.2025
Надзорниот одбор на Словенечкиот државен холдинг (SDH) на денешната седница даде согласност за добивање капитални инвестиции во форма на основање нова компанија која ќе инвестира во проекти и компании од областа на одбранбената индустрија во согласност со плановите на владата.
Друштвото со ограничена одговорност ќе биде во 100% сопственост на државата, објави SDH.
Основањето на новата компанија е предвидено со стратегијата за развој на одбранбената индустрија и технолошката база во Словенија, која ја усвои владата минатата недела. Нејзината цел е промоција и зајакнување на словенечката одбранбена индустрија, нејзина интеграција во пошироката ЕУ средина и придонес кон зајакнувањето на европската одбранбена технолошка и индустриска база.
За да се поттикне интеграцијата на малите и средни претпријатија во меѓународниот простор и да се создадат еднакви конкурентски услови, потребно е да се зголемат стратешките инвестиции во клучните домашни компании во одбранбената индустрија и да се зголеми улогата на државата или влијанието на државата врз нивното управување, објасни Министерството за одбрана во среда по владината седница, објавија денеска SDH.
фото freepic