Економија
До крајот на 2028 година од граница со Бугарија до граница со Албанија да има целосен автопат, најавува министерот за транспорт Александар Николоски
30.07.2025
Повик за финансиски понуди за автопатот Кичево - Букојчани во должина од 11 километри ќе биде објавен задутре, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Во гостување на ТВ Канал 5 Николоски денеска истакна дека се работи интензивно на автопатските решенија на Коридорот 8, посочувајќи дека си поставиле рок до крај на 2028 година од граница со Бугарија до граница со Албанија да има целосен автопат.
- На автопатот Кичево Охрид се работи интензивно. На автопатот не се работело добри 7,5 - 8 години и се работи во последните девет месеци, затоа што ни требаа неколку месеци да видиме каква е состојбата, да се соберат документи, да се направи анализа, итн.. За овие осум-девет месеци успеавме да ги завршивме првите 20 километри, на крајот на летото ќе пуштиме уште 17-18 километри. Потоа одиме во потешката фаза, остануваат уште 17 километри плус тунели од два километри кои што се завршени, сега се работат пристапните патишта. Очекувам до крајот на следната година како што е согласно законот што е усвоен и рокот што е зададен да го завршиме и првпат да имаме проект кој е завршен во рок, нема да е во првичниот рок, туку во продолжениот рок кој не е зададен од нас туку од претходната влада да го испочитуваме и да се заврши, рече Николоски.