Економија

САД ОД УТРЕ ВОВЕДУВА ЦАРИНИ ОД 50 ОТСТО ЗА УВОЗ НА ПРОИЗВОДИ ОД БРАЗИЛ

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини од 40 проценти за увоз од Бразил, што значи дека вкупните царини изнесуваат 50 проценти, објави Белата куќа.

Трамп пред три недели објави дека неговата администрација ќе воведе царина од 50 проценти за бразилските производи извезени во САД, почнувајќи од 1 август.

Тој ги услови царините, за кои рече дека ќе стапат на сила на 1 август, со тоа како Бразил ќе се справи со поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој е на судење по обвинение за наводно планирање државен удар за да се спречи претседателот Луиз Инасио Лула да Силва да ја преземе функцијата. 

САД постигнаа трговски договор со Јужна Кореја со кој ќе се воведе царина од 15 проценти за увозот од Јужна Кореја, објави претседателот Доналд Трамп.

Покрај тоа, Јужна Кореја ќе инвестира 350 милијарди долари во САД и ќе купи енергетски производи во вредност од 100 милијарди долари, напиша Трамп во објава на Truth Social.

-Исто така, беше договорено дека Јужна Кореја ќе биде целосно ОТВОРЕНА ЗА ТРГОВИЈА со САД и ќе прифаќа американски производи, вклучувајќи автомобили и камиони, земјоделски производи и друго, додаде Трамп.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг рече дека договорот на неговата земја со САД ќе ја стави Јужна Кореја на еднаква или подобра основа во споредба со другите земји.

Тој рече дека двете земји се согласиле да создадат инвестициски фонд од 350 милијарди долари, од кои 150 милијарди долари ќе бидат наменети за партнерства за бродоградба.

Во меѓувреме, јужнокорејскиот министер за одбрана Ан Кју-бак и американскиот министер за одбрана Пит Хегсет разговараа во телефонски разговор за можностите за поблиска соработка во врска со Северна Кореја и бродоградбата.


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано