Економија

ВИСОК НОМИНАЛЕН РАСТ ОД 31,5 ОТСТО НА ПРОМЕТОТ НА ТРГОВИЈАТА СО ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22,5 %, објави Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало во јуни 2025 година, во споредба со јуни 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 31,5 %, а реално за 22,5 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е зголемена за 9,2 %, а реално за 5,2 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 20,4 %, а реално за 13,9 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 8,3 %, а номинално за 0,7 %. 

Главни поенти

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 31,5 %, а реално за 22.5 %
  • Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 20,4 %, а реално за
    13,9 % 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано