Економија
Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот
31.07.2025
Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Латвија, Естонија,... Ова не го велиме ние, туку „Фајненс тинк“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на пратеничко прашање, Мицкоски истакна дека земјава е некаде на средината ако се земат предвид најдоброто ниво на минималата плата споредено со трошоците на живот - во Германија и најниското ниво - во Албанија.
-На ЕСС вчера стана збор и за минималната плата. Ако ги тргнеме на страна политичките пораки кои сме навикнати да ги слушаме од еден од синдикатите, доаѓаме до фактот дека според трошоците за живот сведени на минималната плата, Македонија, како што покажува Фајненс тинк, е на средина. Ова е ако се земе предвид најдоброто ниво на минималата плата споредено со трошоците на живот - Германија и најниското - Албанија. Подобри сме од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Латвија, Естонија,..., истакна Мицкоски.
Тој се осврна и на поддршката за младите. Потсети дека првпат Владата обезбеди бесплатен пристап до базите на научните списанија за сите студенти и вработени на универзитетите.
Извор/фото МИА