Економија

Стагнира вработувањето во јули во САД

Вработувањето во САД речиси стагнираше во јули, со само 73.000 нето нови работни места, објави Министерството за труд во петокот. Во јули во САД имаше 7,23 милиони Американци без работа, околу 220.000 повеќе отколку во претходниот месец.

Во јуни и мај беа создадени 258.000 помалку нето работни места отколку што беше претходно проценето, соопшти Министерството, истакнувајќи дека промените биле „поголеми од вообичаеното“.

Од друга страна, јавниот сектор во САД  изгуби 10.000 работни места во јули. Секторот за здравствена заштита создаде нови 55.000 работни места во јули, повеќе од просекот во изминатата година.

Вработеноста во индустријата, рударството, енергетскиот сектор и градежништвото беше повеќе или помалку во стагнација.

Во јули стапката на невработеност  во САД беше 4,2 проценти, што е зголемување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот месец.

Просечната заработка за еден работен час во јули во САД се зголеми за 0,3 проценти на месечна основа и изнесува на 36,44 долари. Тоа е зголемување од 3,9 проценти во однос на јуни минатата година, пренесува Сеебиз.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО