Економија

Повик за јавна расправа за предложените закони за геологија и за рударство

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини повикува на активно учество  на сите заинтересирани страни за носење на два нови  современи и стратешки важни предлог-закони: Предлог-закон за геологија и Предлог-закон за рударство.

Законите сево завршна фаза на подготовка и  претставуваат темелна, институционална и стручно заснована реформа, изработена од експерти од самото министерство.

Предлог-законите се во согласност со најдобрите европски практики и ја транспонираат REGULATION (EU) 2024/1252 од 11.04.2024 година.

Од 28.07.2025 година, двата предлог-закона се достапни на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи), каде ќе бидат до 28.08.2025 година, за јавен увид и разменување мислења, предлози и забелешки од сите засегнати страни.

Ова е можност за сите засегнати страни да влијаат врз креирањето на правила што ќе го уредат секторот на геологијата и рударството на долгорочно ниво. Целта е заеднички да се изгради најдобро можно законско решение кое ќе обезбеди:

1. Подобра заштита на животната средина

  • Строги еколошки стандарди при истражувањето, експлоатацијата и преработката на минералните суровини
  • Обврска за санација и  рекултивација  на терените по завршување на рударските активности.
  • Можност за преработка и искористување на минералната суровина од старите одлагалишта.

2. Поддршка на локалните заедници

  • Најголемиот дел од надоместоците за минерални суровини и приходите од рударството да остануваат  во општините каде што се врши експлоатацијата.
  • Обврски за компаниите да инвестираат во локалната инфраструктура и социјален развој.
  • Вклучување на заедниците во процесите на одлучување.

3. Поголема контрола и транспарентност

  • Ефикасна регулација на рударскиот секторот со овие законски решенија што ќе обезбеди подобра заштита на природните ресурси
  • Јавноста ќе има поголем увид во процесот на доделување концесии.
  • Посилен надзор од државни институции.

 4. Поголема економска корист за државата

  • Повисоки такси и рударски надоместоци.
  • Прецизно дефинирани права и обврски на концесионерите.
  • Поттикнување на домашни и одржливи инвестиции.
  • Унапредување на економскиот потенцијал што го носи рударството.

 5. Спречување на нелегалната експлоатација

  • Борба против „диви рудници“ и незаконско ископување.
  • Контрола на количината и квалитетот на ископаната минерална суровина
  • Најстроги казни за прекршувања и злоупотреби.

 

 

ПРЕПОРАЧАНО