Економија
ГЕРМАНИЈА СО УСЛОВ: Прво пониски царини за извоз на автомобили, па финализирање на договорот меѓу САД и ЕУ
19.08.2025
Вашингтон прво ќе мора да го спроведат договореното намалување на царините за увоз на автомобили произведени во ЕУ, за да може потоа САД и Европската Унија да го финализираат поширокиот трговски договор, соопштија од Германија.
„Особено, царините за автомобили мора итно да се намалат, како што е договорено. Исто така, свесни сме за значителниот товар врз извозно ориентираната економија... Нашата улога е да продолжиме целосно да ја поддржуваме Европската комисија во овој процес“, изјави портпаролот на германската влада на прес-конференција.
Соединетите Американски Држави се главниот извозен пазар за автомобилската индустрија на Европската Унија, според податоците објавени од Евростат во јули, сочинувајќи дури една петтина од вкупната додадена вредност на европското производство на автомобили за странски пазари во 2023 година.
Автомобилската индустрија на ЕУ вработила вкупно 2,47 милиони работници во 2023 година, при што дури една третина склопувала автомобили наменети за странски пазари, а убедливо најголемиот број работници на извозни работни места биле вработени од германската автомобилска индустрија, според податоците од Европскиот завод за статистика, пренесува Пословни дневник.