Економија
Германската економија ќе „порасне“ за 0,2 отсто!
06.03.2024г.
Германската економија во 2024 година ќе оствари минимален раст од 0,2 отсто, а нејзиното заздравување ќе се случи подоцна од тоа што се очекуваше. Во 2025 година економијата на Германија ќе порасне за 1,5 отсто, објави Институтот за економски истражувања ИФО, во својата пролетна прогноза.
Институтот од Минхен направи значителна корекција на својата зимска прогноза за економскиот раст на Германија во 2024 година, кога беше прогнозиран економски раст за 0,9 отсто.
Германската економија забележа пад од 0,3 отсто во четвртиот квартал за 2023 година, а во потешка состојба се градежниот сектор. Негативниот тренд ќе продолжи и во тековното тримесечје и ќе достигне раст од само 0,1 отсто во споредба со претходниот квартал! Подобрување на економската клима во Германија се очекува за втората половина на годината, прогнозираат експертите, пренесува Танјуг.
фото freepic