Економија

Кинеската економија годинава ќе расте за пет отсто?

Кинескиот премиер Ли Чијанг најави амбициозна цел за остварување на економски раст од пет отсто во 2024 година, со ветување за трансформација на моделот на развој на земјата и намалување на ризикот  од  банкротирањето на градежните фирми и долговите на кинеските градови, објави Ројтерс.

Кина ја започна годината со кризата на пазарот на недвижнини, додека долговите на локалните самоуправи ќе продолжат, а тоа ќе го зголеми притисокот на кинеските лидери да донесат нова економска политика.

Кинеската економија порасна за 5,2 отсто минатата година, а се очекува дополнително да забави поради долготрајната криза во градежништвото, што ги одвраќа инвеститорите, а со тоа се намалува и потрошувачката.

Прогнозите на консултантската куќа Капитал Економикс се дека кинеската економија ќе забави на околу два отсто до 2030 година.

Пекинг се обидува да направи пресрвтница со вложување во производните капацитети, првенствено за полупроизводи, во авиосообраќајот, во автомобилската индустрија и опрема за обновлива енергија, со пласирање на вишоците на производи на странските пазари, пренесува Нова економија.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано