Економија
Трговскиот дефицит во јануари 2024 година, изнесува 249.6 милиони евра
07.03.2024г.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2024 година, изнесува 550.6 милиони евра и бележи пад од 11.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 800.2 милиони евра, што е за 5.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2024 година, изнесува 249.6 милиони евра, соопшти ДЗС.
Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2024, изнесува 68.8 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во јануари 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија, стои во најновото соопштение на ДЗС.