Економија

Стапката на невработени во САД на највисоко ниво

Во февруари невработеноста во САД е поголема за 334 илјади лица

Стапката на невработени во Соединетите Американски Држави  во февруари пораснала  на 3,9 отсто, додека во јануари изнесувала 3,7 отсто. Минатиот месец невработеноста во САД  е највисока од јануари 2022 година, објави денеска американската Канцеларија за статистика на трудот  (БЛС).

Невработеноста во претходните три месеци била на ниво од 3,7 отсто. Вкупниот број на невработени во САД за еден емсец се зголемил за 334 илјади  и сега изнесува вкупно 6,5 милиони.

Бројот на долгорочно невработените лица кои бараат работа подолко од 27 недели изнесува 1,2 отсто и нема значително поместување во однос на јануари годинава.

Учеството на долгорочно невработените лица во вкупниот број на невработени во САД изнесува 18,7 отсто, пренесува Политика.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано