Економија
Египет планира да го прошири Суецкиот канал за двонасочен сообраќај
11.03.2024г
Египет планира да го прошири Суецскиот канал во должина од 80 километри за да овоможи двонасочен сообраќај на големите бродови во целата должина на каналот. Големиот пад на приходи од Суецкиот канал, поради нападите во Црвеното Море и заобиколување на бродовите на најкратката поморка врска меѓу Европа и Азија, ги принуди египетските власти да ги актуелизираат плановите за подобрување на условите за пловење и за зголемување на поморскиот транспорт на стока. Проширувањето на капацитетот подразбира изградба на втор канал покрај постоечкиот пловен пат.
Вредноста на инвестициите и роковите за реализацијата на проектот во должина од 80 километри не се познати. Приходите од Суецкиот канал, кој е најголем извор на девизни средства во Египет, се намалиле за повеќе од половина во првите два месеца од 2024 година, во споредба со истиот период лани. Каналот во Египет има голема важност за глобалната економија, а 12 отсто од светската трговија се одвива преку овој поморски пат.
Бродскиот превоз преку каналот е намален за 80 отсто, а Египет од почетокот на годината остварил само 724 милиони долари приходи по основа на транзитна такса или има намалување за 1,47 милијарди долари.
Претходно, работите на проширувањето на делницата од 10 километри беше забрзана по заринкувањето на џиновскиот контејнерски брод во март 2021 година, а со тоа бродскиот сообраќај беше блокиран шест дена, пренесува порталот Екапија.
фото: en.wikipedia.org/