Економија

Цената на златото достигна историски максимум

Цената на златото достигна нов рекорд што се должи на зголемениот геополитички ризик на Блискиот Исток и слабеењето на вредноста на американскиот долар и јапонскиот јен. Во средата цената за една унца порасна за 0,74 отсто на 2.296,61 долари, за да се искачи на историскиот максимум од 2.298,91 долари. Последните денови цената на златото се зголеми за повеќе од седум отсто.

-       На цената на златото влијае и слабоста на американскиот долар и засилувањето на геополитичките тензии, изјави Френк Вотсон од фирмата „Кинесис мани“.

За главниот стратег за девизен пазар од Скотибенк Шон Озборн причина за растот на цената на златото се големите набавки од централните банки кои ги зголемуваат своите златни резерви. Како голем купувач на злато се јавува Централната банка на Русија која го зголемува уделот на резервите од 20 отсто во 2020 на сегашните 24,5 отсто. Ова се должи и на политиката за „дедоларизација“ која ја применува Русија, пренесува порталот Екапија.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано