Економија

Цената на нафтата продолжува да расте

Цената на нафтата на азиските  берзи продолжува да расте откако ја надмина границата од 90 долари за барел. Растот на цената на денешното тргување е помало во однос на претходните денови и е предизвикан од загриженоста на трговците со нафта од натамошна ескалација на состојбата во Блискиот Исток, велат економските експерти.

Цената за испораката на лесната нафта од Тексас во мај е повисока  за 22 центи и достигна достигна 86,81 долари за барел. Цената  за испораките во јуни за нафтата „брент“ од Северното Море  се зголеми за 40 центи и достигна 91,05 долари за барел, пренесе германската агенција ДПА.

Цените на нафтата од почетокот на март забележаа висок пораст, а нафтата „брент“ поскапе за девет отсто. Покрај напнатата геополитичка состојба во Блискиот Исток влијание има и одлуката на нафтениот картел ОПЕК + и се однесува на намалување на производството на нафта во првата половина на 2023 година


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано