Економија

Пораст на цените на месото и млечните производи

Индексот на светските цени на прехранбените производи во март порасна на 118,3 поени во споредба со индексот од февруари кога изнесуваше 117 поени. Цените на храната во светот пораснаа  за прв пат во последните осум месеци. Во март годинава е забележан меѓумесечен раст на цените на растителното масло, млечните производи  и месото,  соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Цените на житарките на месечно ниво се намалени за 2,6 отсто на 110,8 поени, поради поголемата понуда и трговската конкуренција меѓу Европската Унија, САД и Русија. Цената на шеќерот падна за 5,4 отсто од 133,1 поен поради добрите прогнози за жетвата на шеќерната репка во Индија.

Индикаторот на цените за млечните производи порасна за 2,9 отсто на 124,2 поени, а најмногу пораснаа цените на сирењето поради поголемата побарувачка од Азија.

Цените на месото бележат раст за 1,7 отсто на 113 поени, поради растот на цената на пилешкото месо, пренесе РТВ. 


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано