Економија
Грција оствари рекорден приход од туризмот
05.05.2024г
Минатата година приходите во туристичкиот сектор во Грција се зголемени за 16,5 отсто и достигнаа рекордни 20,6 милијарди евра во споредба со претходната година. Бројот на туристите се зголеми за 20 отсто, пренесе агенцијата АФП.
Грција минатата година беше зафатена со долготраен топлински бран што предизвика и голем број на шумски пожари, а голем број од туристите мораа да бидат евакуирани од грчкиот остров Родос. Грчките власти најавија дека на овие туристи ќе им бидат издадени ваучери за еднонеделно сместување во хотелите во вредност до 500 евра.
Туризмот во Грција е важен економски сектор и учествува со 20 отсто во БДП. Последните години туристите се жалат на превисоките цени и на пребукираноиста на пооделни туристички локации, објави „Сеебиз“.
фото freepic