Lifestyle
Во САД има нови 600.000 милионери!
10.06.2024
Нови 600.000 милионери се најдоа на листата на најбогати во САД во минатата година. Американската популација на милиониери е зголемена за 7,3 отсто и брои 7,5 милиони лица. Нивното заедничко богатство се зголемило на 26,1 билион долари или за 7 отсто повеќе во однос на 2022 година, се наведува во најновата студија на „Капгемини“.
Статусот на милионер во САД се однесува на лицата кои поседуваат имот од кој може да се инвестира над еден милион долари, не вклучувајќи го имотот во недвижности, колекционерски предмети или други трајни добра.
Богатството на луѓето кои се највисоко на листата на милионери расте многу повеќе. Бројот на Американците кои вредат над 30 милиони долари порасна за 7,5 отсто и изнесува 100.000 лица, а нивното богатство пораснало на 7,4 билиони долари.
На глобално ниво, бројот на милионерите изнесува 1 отсто и поседуваат 34 отсто од вкупното богатство, пренесува НИН.
фото freepic