Lifestyle
Холанѓаните со најдолг просечен работен век, најмалку работат жените во Италија
26.07.2024
Очекуваниот просечен работен век во Европската Унија е 36,9 години, а во некои земји е подолг од 40 години,. Должината на работниот век е различен меѓу членките на ЕУ, од 28 години животен век за Италијанките до 45 години за мажите во Холандија, објави Евростат.
Најдолг очекуван работен век во 2023 година е забележан во Холандија (43,7 години), Шведска (43,1) и Данска (41,3), додека најкраток е во Романија (32,2), Италија (32,9) и Хрватска (34).
Податоците на Европската статистичка служба покажуваат дека мажите имаат 4,3 години подолг очекуван работен век од жените, но оваа разлика постојано се намалува во последните 10 години.
Просечниот работен век на мажите во ЕУ е 39 години, со најдолго времетраење во Холандија (45,7 години), Шведска (44,1), Данска и Ирска (42,8), а најкратко во Хрватска (35,4), Бугарија и Романија (35,6).
Се очекува жените да имаат просечен работен век од 34,7 години. Најдолг работен век кај жените има во Шведска (41,9), Холандија и Естонија (41,5), а најкраток во Италија (28,3), Романија (28,5) и Грција (30,6).
Литванија и Естонија се единствените членки на ЕУ каде од жените се очекува да работат подолго од мажите.
Во Србија, очекуваниот работен век е 34,8 години и постојано се зголемува во последната деценија. Во 2014 година очекуваниот работен век беше 3,5 години пократок. Мажите во Србија имаат очекуван работен век од 37,4 години, а жените 32 години, објави „Данас“.
фото freepic