Lifestyle

Високата цена на маслиновото масло ги зголеми измамите во прометот во ЕУ

Во земјите од Европската Унија во првиот квартал годинава е забележан рекорден број на потенцијални измами и случаи на погрешно означување на маслиновото масло. Цената на овој производ се зголеми за двапати во однос на 2018 година, поради повеќе фактори: неколкугодишната суша и други временски влијанија кои ги погоди насадите со маслинки.

Со растот на цената на маслиновото масло се зголемија и откриените случаи за погрешно означување на производот, на трговски измами и послаб квалитет на маслото, пренесува „Гардијан“.   

Во првиот квартал во 2018 година во ЕУ  имало само 15 случаи на погрешно означување на маслиновото масло, додека во првите три месеци годинава бројот на неправилностите се зголеми на 50 случаи.

Меѓутоа, овие случаи се однесуваат на оние кои државите членки на ЕУ ги откриле во меѓусебната трговија и кои ги пријавиле на Генералниот директорат за здравство во ЕУ. Во оваа статистика не се опфатени неправилностите во внатрешниот промет на земјите членки, а вистинскиот број на можни трговски измами во прометот со маслиново масло е поголем.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано