Lifestyle
Отворил бар само за безалкохолни коктели и...пропаднал!
06.08.2024
По една година од отворањето на еден бар во Манчестер во кој се служело исклучиво безалкохолни пијалоци се затвора, поради слабата посетеност. Основачот на барот „Love from", кој е отворен во јануари во центарот на градот, изјавил дека на Велика Британија и била потребна „промена на начинот на размислување“ во својот пристап за пиење, пренесува „Тајмс“.
- Целта на отворањето на кафулето беше да ја редефинира перцепцијата дека е потребно пијалок за да се има добра забава . Нудевме безалкохолни коктели за 7,50 фунти и безалкохолно пиво за 6 фунти за половина литар. На почетоток барот добро работеше. Но, по еден месец бројот на гостите почна да се намалува. Кога дојде потоплото време луѓето бараа повеќе алкохолни пијалоци. Во текот на фудбалското првенство повеќето барови околу нас беа преполни, а ние бевме празни, изјавил сопственикот на барот.
фото freepic