Lifestyle

Словенија: Увезени најмалку велосипеди, просечно патување е долго шест километри

Лани во Словенија се увезени околу 62.300 велосипеди, а ова е најмал увоз на ова превозно средство од 2001 година. Затоа, увозот на електрични велосипеди расте. Во 2023 година биле увезени 16.000 електрични велосипеди, што е зголемување за 14.500 во споредба со 2017 година. Вкупната вредност на увозот на електричните велосипеди изнесувала 27,3 милиони евра, а на класичните велосипеди околу 28 милиони евра. Цените на велосипедите во Словенија во јуни биле поголеми во просек за 1,2 отсто,  објави Државниот завод за статистика.

Најмногу велосипеди биле увезени од Италија (24 отсто), а потоа од Австрија, Белгија и Холандија. Просечната цена на велосипеди за возрасни лица била 304 евра.

Словенците во 2021 година на своите дневни патувања поминале 11,5 милијарди километри, од нив 2,2 отсто се направени со велосипед. За словенечките граѓани велосипедот е средство за 5,3 отсто од патувањата.

Просечната должина на патувањето со велосипед во 2021 година изнесувала шест километри и траелo 25 минути. Околу две третини од патувањата со велосипед биле пократки од пет километри, а 44 отсто од патувањата траеле десет минути или помалку.

Во истиот процент патувањата со велосипед биле направени во слободно време. Најчесто возена траса за велосипедистите од Словенија била патеката Копар-Изола, покажуваат податоците на онлајн апликацијата на Дирекцијата за инфраструктура на Република Словенија, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано