Економија
ТУРЦИЈА СЕ МАЧИ СО ЗГОЛЕМЕНА НЕВРАБОТЕНОСТ И ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА, во јуни повеќе невработени лица за 9,2 отсто
12.08.2024
Сезонската прилагодена стапка на невработеност во Турција во јуни се зголеми на 9,2 отсто и сега е највисока во последните десет месеци. Во јуни невработеноста во земјата изнесуваше 8,5 отсто, објави денеска Турскиот институт за статистика Туркстат.
Бројот на регистрирани невработени лица во Турција се зголеми за 234.000 и достигна 3,3 милиони. Бројот на вработени е намален за 341.000 на 32,5 милиони луѓе.
Стапката на невработеност на младите во Турција на возарст меѓу 15 и 24 години на месечно ниво е зголемена за 1,7 отсто и сега е на ниво од 17,6 отсто.
Минатата недела Туркстат објави дека годишната стапка на инфлација во земјата во јули е намалена на 61,78 отсто.
фото freepic