Економија

ВО ПОРАСТ ГЕРМАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ВЛОЖУВАЊА ВО КИНА, и покрај препораките од ЕУ за диверзификација на инвестициите во светот

Германските директни вложувања во Кина значително се зголемија, што покажува дека компаниите во најголемата европска економија ги иигнорираат апелите на Владата за да ги диверзификуваат инвестициите во другите помалку ризични геополитички региони. Според податоците на Бундесбанк, германските директни вложувања во Кина изнесуваат 2,48 милијарди евра во првите три месеци во 2024 година. Во вториот квартал годинава овие инвестиции се зголемиле за 4,8 милијарди евра, пренесува „Фајненшел тајмс“.

Во првата половина од годината германските инвестиции во Кина изнесуваат 7,3 милијарди евра, додека во 2023 година изнесувале 6,5 милијарди евра. Инвестициите во Кина, претежно се од автомобилската германска индустрија, иако од германскиот канцелар Олаф Шолц  беа испратени предупредувањата за растечки геополитички ризици поврзани со кинескиот пазар.

Слични пораки беа испратени и од претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која ги повика компаниите од ЕУ да ги „намалат ризиците“ во однос на најголемата азиска економија.

Истражувањето на Институтот за економски истражувања во Келн (ИВК) покажува дека повеќе од половината од 19 милијарди евра профит, кои германските компании минатата година ги оствариле во Кина, се реинвестирани во кинеската економија, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано