Lifestyle
УПЛАТИЛ 1,5 ЕВРА ОСВОИЛ 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА, интeрнет уплатата за Еуроџекпот е направена на страната на хрватска лотарија
14.08.2024
Во извлекувањето на 65 коло на играта Еуроџекпот во вторникот се извлечени броевите: 6, 9, 33, 34, 50 – 1, 7. Ова е добитната комбинација која на уплатувачот на интернет страницата на хрватска лотарија му донела добивка од 5+1 во износ од 1.385.868,00 евра.
Играчот одиграл една системска комбинација и уплатил 1,584 евра и ја освоил добивката од 1,3 милиони евра.
Следното извлекување за играта Еуроџекпот е во петок , а главната добивка изнесува 48 милиони евра, објави „Индекс“.
На европската лотарија две лица од Словенија и Германија кон крајот на април годинава добиле по 60 милиони евра, кои ја погодија добитната комбинација од седум бројки, Ова е најголема добивка на игри на среќа која е остварена во Словенија.