Lifestyle
ПРЕКИН НА ВОДАТА ЗА ИЛЕГАЛНИТЕ ИЗНАЈМУВАЧИ НА СТАНОВИ, градот Севиља со строги прописи за краткорочното изнајмување на објектите за одмор
15.08.2024
Становите во Севиља кои илегално се изнајмуваат за туристите можат да бидат исклучени од водоводната мрежа, како присилна мерка за остранување на можноста за краткорочно изнајмување на домовите, за што се залага градоначалникот.
Канцеларијата на градоначалникот на Севиља објави дека се прегледуваат сите станови за одмор во градот и ќе се побара прекинување на водоснабдувањето на станбените единици кои се користат спротивно на прописите од 2022 година.
Досега се идентификувани 715 станови, а на контрола на градските инспекции се изложени викендиците, кои немаат посебен влез до првиот спрат, кој најчесто се користи и за изнајмување на странците. Од Канцеларијата на градоначалникот проценуваат дека во Севиња, меѓу пет и седум илјади станови за одмор, се издаваат илегално. Дополнително од 8 до 9 илјади станови се издаваат согласно прописите.
Барцелона соопшти дека ќе ги забрани сите станови за одмор до 2028 година, а на Канарските Острови полицијата ќе помага во спрoведувањето на строгите прописи.
Порастот на туризмот во последните години во Шпанија предизвика протести во земјaта , а локалното нaселение се жали дека не може да изнајми стан поради високите цени на изнајмување.
фото freepic