Lifestyle
ПОКРИВАЊЕТО НА ВЕБ КАМЕРАТА - МИТ ИЛИ ПОТРЕБА!, какви се навиките на корисниците на интернет апликациите
15.08.2024
Покривањето на веб камерата на дигиталните апарати помага во зачувувањето на приватноста на онлајн корисниците, сметаат 49 отсто од анкетираните корисници на современите комуникациски достигнувања. Околу 44 отсто од луѓето играат мини-игри и прават интернет тестови заради забава и испраќаат свои лични податоци на непроверени адреси за да пристапат на видео игрите. Но, со овие навики луѓето влегуваат во невидливата пирамида за делење на податоци, соопштија од компанијата Касперски, која го спроведе истражувањето „Возбуда, погрешни уверувања и голема несигурност- Како глобалните потрошувачи се вклучуваат во дигиталниот свет“, пренесува „Еуроњуз“.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека половината од сите корисници стравуваат дека гласовните платформи постојано прислушуваат и собираат лични податоци. Како одговор на ваквите уверувања, речиси третина од испитаниците (28 отсто) преминуваат на режимот на „авион“ во текот за важни приватни разговори.
Околу 40 отсто од корисниците погрешни веруваат дека активирањето на инкогнито режим ги прави целосно невидливи на социјалните мрежи. Но, 24 отсто од корисниците се подготвени да кликнат на непознати линкови на апликација за комуникација, со што потенцијално ја загрозуваат својата безбедност.
фото freepic