Lifestyle

ВЕНЕЦИЈА БАРА ГОНДОЛИЕРИ, кандидатите треба да го поминат курсот „Arte del Gondoliere“

Градската управа на Венеција објави конкурс за вработување на гондолиери, а во овој момент оваа  работа ја извршуваат 433 лица. Неопходни квалификации кои треба да се исполнат се: лицето да има наполнети 18 години, да биде со средно образование, да знаат да пливаат и да поседува лекарско уверение кое докажува дека има „здрава и цврста конституција“.

Почетниците гондолиери прво треба да поминат курс  под назив „Уметноста на гондолиерството“ (Arte del Gondoliere), пишува „Гардијан“.  

Кандидатите ќе можат да ја добијат оваа работа доколку докажат дека се вешти во веслањето или да покажат дека се талентирани за да ја совладаат оваа вештина. Паралелно со совладувањето на проблемите за веслање низ каналите на Венеција, ќе учат англиски и француски јазик, како и за историјата, уметноста и културата на Венеција. Следи и 10 часовна практична обука за веслање на гондолата со едно весло, под надзор на маjстор гондолиер, пренесува „Биснис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано