Lifestyle

КОИ СЕ ГОДИНИТЕ КОГА ЛУЃЕТО НАГЛО СТАРЕАТ! – истражувањата покажуваат дека стареењето се одвива во два циклуса

Стареењето не е бавен и траен процес, туку има скокови во најмалку два временски циклуса, кога се појавуваат здравствени проблеми во одредени години, покажуваат научните истражувања. Студијата која ги следела однесувањето на различни молекули во организмот на луѓето на возраст од 25 до 75 години, открила два „брзи“ бранови поврзана со наглото стареење, кое се случува околу 44 година и повторно  се појавува во 60 година од животот.  Во овие временски  интервала се јавуваат одредени здравствени проблеми поврзани  со мускулите и кардиоваскуларните болести.

-   Не се менуваме постепено во текот на времето. Постојат некои драматични промени. Тоа се средината на 40 годиншна возраст и раните 60 години, изјави главниот автор на студијата Мајкл Шнајдер, генетичар и директор на Центарот за  геономика и пресонализирана медицина на Универзитетот во Станфорд.

Во истражувањето учествувале 108 доброволци, кои во период од една до седум години, на  неколку месеци, давале примероци од крв и урина, брисеви од кожа, усната празнина и носот.

Наглото стареење околу 45 година е неочекувано и се мислело дека е резултат на менопаузата кај жените. Но слични промени има и кај мажите на истата возраст. Значи, постојат и други фактори кои подеднакво влијаат на промените кај двата пола.

Првиот бран на стареење е поврзано исклучиво со промени на молекулите кои влијаат на појава на кардиоваскулрани заболувања и способноста на метаболизмот на прием на  кофеин и алкохол.

Вториот бран на промени ги вклучува молекули за регулација на имунитетот, метаболизмот на јаглени хидрати и функциите на бубрегот.

Молекулите поврзани со стареењето на кожата и мускулите се смениле во двете временски точки. Претходното истражување  покажало дека најдоцниот „скок“  во стареењето се случува околу 78-та година од животот.

Некои од промените кај човечкиот организам се поврзани со начинот на живот и некои лични навики. Околу 40 години старост се смета за стресен период на животот, што е причина за подложност на луѓето кон  консумирање на алкохол, пренесува „Бизлаив“


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано