Lifestyle

ПОВЕЌЕ БРИТАНЦИ ГИ ОЧЕКУВА ТЕШКА ЗИМА, една четвртина се подготвени да се откажат од греење и од топла вода

Секој четврти граѓанин во Велика Британија е загрижен за зголемувањето на трошоците за енергија и најавува дека ќе биде принуден да го исклучи греењето и топлата вода оваа зима, покажува најновото истражување на  Ситизенс адвајс, британската организација за помош на граѓаните.

Анкeтираните лица наведоа дека ќе мораат да преземат нови драстични чекори, доколку горната граница на цената на енергија во Британија надмине над предвидениот износ од 150 фунти (176 евра), односно порасне за 9,2 отсто.

Од греењето на просториите би се откажале 31 отсто од домаќинствата со деца и 39 отсто од корисниците со ниски примања.

Без итна интервенција на владата во Лондон домаќинствата би продолжиле да се соочуваат со неможноста од друг избор и од драстични чекори за штедење за да може да си дозволат затоплување на своите домови, предупредуваат од Ситизенс адвајс.

На веб страната на организацијата се напоменува дека 34 отсто од анкетираните лица изјавиле дека во текот на зимата ќе имаат потешкотии да си обезбедат доволно храна или други основни потреби, како што се исплата на хипотеката или киријата. Седум отсто изјавиле дека ќе морат да прескокнат некој од оброците, пренесува „Политика“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано