Lifestyle
ВО БОЦВАНА ОТКОПАН ВТОР НАЈГОЛЕМ ДИЈАМАНТ
22.08.2024
Во рудник за дијаманти Карове во северниот дел на централна Боцвана е ископан дијамант од 2.492 карати, што е најголемо „парче“ кое е откриено во оваа земја и втор по големина во светот, соопштија денеска од канадската компанија „Лукара Дајмонд“, пренесуваат медиумите во светот.
Во 2019 година во овој рудник е откриен дијамант од 1.758 карати и во 2015 година дијамант од 1.109 карати , пренесува „Еуроњуз“.
Боцвана е една од најголемите земји во светот за производство на дијаманти со 20 отсто.
фото freepic