Lifestyle
МАЛТА МЕЃУ (НАЈ)ПРИВЛЕЧНИТЕ МЕСТА ЗА ПЕНЗИОНЕРИ, земјата дава повеќе можности за мирен пензионерски живот
22.08.2024
Малта, по Шпанија и Португалија, е на трето место на листата на најдобри земји за живот на пензионерите.
Малта може да се пофали со добар здравствен систем, прифатливи цени на недвижности, даночни олеснувања, политичка стабилност, широки можности за забава, иделна клима преку цела година и голема популација која зборува англиски, се наведува во извештајот на Глобал ситизен солушнс , пренесува „Нова рс“.
Малта е една од најбезбедните земји во Европа, според Светската банка. Дополнителна предност е што населението го познава англискиот јазик, кој е еден од службените јазици. За државјаните кои не се од Европската Унија потребно е приватно здравствено осигурување .
Трошоците за живот на Малта се пониски од другите земји во ЕУ. Странците можат да добија престој во земјата за помалку од година дена со вложување најмалку 110.000 евра во недвижности. Ова им дава можност да патуваат без визи во сите земји во ЕУ и во Шенген зоната.
фото freepic