Lifestyle
ВРАЌАЊЕТО НА РАБОТА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА „ПОСТОДМОРНА“ ДЕПРЕСИЈА, како да се подготвите за првиот работен ден по одморот
24.08.2024
По враќањето од годишните одмори на повеќето од луѓето им е потребен период за постепено прилагодување на работната рутина. Во првите работни денови кај некои се појавуваат симптоми на замор, недостаток од концентрација или мотивација, а оваа состојба е позната како „постодморска депресија“.
- Процесот на прилагодување на работните навики варира во зависност од индивидуалните фактори, како што се нивото на стрес, природата на работата, личната способност и здравствената состојба на човекот. На телото и на умот потребни им се три дена да се навикне на одморот. По враќањето на работа на луѓето им е потребно три до пет дена повторно да се вратат на работната рутина, вели психологот Ивана Мрѓен за „Бизлаив“.
Во некои случаи, на луѓето може да им треба и подолго време, една до две недели, за целосно да се вратат на работниот ритам. Посебно, ако одморот бил подолг или работните задачи се повисоки, појаснува Мрѓен.
Првиот работен ден по одморот е најтежок и тогаш може да се направат неколку подготовки: со подобро планирање и организација пред работниот ден, подготовка на гардеробата и личниот изглед, работните простории ако се работи од дома, избегнување на носење на важни одлуки на првиот ден на работа, а по работното време може да се дружите и со колегите...
По враќањето од одмор не се препорачува луѓето веднаш да почнат со приватните и деловните обврски, со што би се намалил позитивниот ефект од одморот. Постепеното враќање треба да се прави со извршување на полесни задачи во домот и на работното место, пишува „Бизлаив“.
фото freepic