Lifestyle
ДОБИВА КАЗНА ОД 3.300 ЕВРА ПОРАДИ 0,9 ЕВРА, НО ФРИЗЕРКАТА ГИ ДОБИ НА СУД! Затворен судскиот спор во Хрватска по воведување на еврото
28.08.2024
Фризерката Сабина Самарџија го доби случајот пред хрватските судови по жалбата за изрекување на казната од пазарните инспектори затоа што по воведувањето на еврото ги заокружила цените на услугите за девет центи!
Минатата година фризерката ја „зголемила“ цената за бојадисување на коса од 19,91 евро на 20 евра, а за потшишување на жените ја заокружила цената од 6,64 евра на 7 евра. Поради ова и беше изречена казна како на правно лице и за одговорно лице во висина од 3.318 евра, пренесуваат медиумите во регионот.
- Случајот е затворен! По една година и шест месеци од воведувањето на европската валута има пресуда за моето казнување и моите колеги од малите дејности. Конечно можам да кажам: Готово е! Жалбата на Државниот инспекторат е неоснована, напиша таа на социјалната мрежа Фејсбук.
Сабина Самарџија изрази жалење за нејзините колеги кои во страв ја платиле високата казна. Добивањето на казна од 3.300 евра значеше и трајно затворање на мојот бизнис, не само од финансиски, туку и од мотивациски мотиви. За да се спречи нереалното зголемување на цените по поведување на еврото, хрватските власти донесоа казни за „заокружување на цените“ по замената на куните во евра!
- Како да продолжиш со работа ако си уништен на самиот почеток од годината, напиша таа, пренесува „Блиц“.
фото freepic