Lifestyle

„ДИРЕКТОРСКИТЕ ПЛАТИ“ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СЕ НАМАЛЕНИ ЗА 20 ОТСТО!

Просечната плата на извршните директори на водечките 100 компании во Велика Британија се намали за 20 отсто во изминатите години.

Просечната заработувачка, односно средната вредност меѓу најслабо и најдобро платениот директор, се намали од 4,3 милиони фунти во 2016 година, на 3,5 милиони фунти оваа година. Причината за намалување на „директорските  плати“ се воведените ограничувaња на платите на високо рангираните раководители во компаниите, се наведува во извештајот на „Дилоит“.

Извештајот на консултантско-ревизоркста куќа за надоместоците и наградите за директорите покажува дека дошло до намалување на бонусите и надоместоците за пензии за новоименуваните челници, пренесува „Инвеститор.ме“.

Податоците од извештајот се слични како со неoдамна објавените истражувања на инситутот High Pay Centre, кои покажуваат дека просечната плата на извршните директори  во Велика Британија, годинава се намалиле за 17 отсто! Директорот на овој институт Стефан Стерн смета дека јавниот притисок доведе до крајниот ефект на „еднократен пад на платите“, пренесува „Бизнис.ба“.

Новите правила кои беа воведени во 2013 година донесоа обврска за претпријатијата да обезбедат поголема транспарентност  за прашањето за платите на нивните извршни директори во однос на другите вработени, како и обврската на секои три години да се спроведе задолжително гласање од акционерите за одобрување на овие плати. Но, незадоволството на јавноста  во Велика Британија поради високите директорски плати продолжи.  

Неодамна, од споменатиот институт  објавија дека просечниот однос на платите меѓу 100 раководители на водечки компании и платите на нивните вработени е намален на 129:1. Тоа значи дека за секоја фунта која ја добива секој преосечен вработен  нивниот извршен директор добива 129 фунти. Во 2015 година овој однос на платите беше 148:1, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано