Lifestyle

ЗАВРШУВА УШТЕ ЕДНО ПРЕТОПЛО ЛЕТО, просечната температура беше за 2,2 степени над референтниот период, објави DWD

До крајот на календарското лето има уште три недели, но летото во 2024 година ќе биде претопло, соопштија од Германската метеоролошка служба DWD, по обработката на прелиминарните податоци кои се собрани од околу 2000 мерни станици.

Просечната температура ова лето беше 18,5 степени, за  2,2 степена над меѓународниот референтен период од 1961-90 година. Во споредба со топлотниот референтен период од 1991-2020  и просечните температури од 17,6 степени, отстапувањето е во плус 0,9 степени, пренесува ДПА.

Меѓутоа, летниот период годинава беше променлив. На почетокот на летото беше посвежо, со постепен висок раст на температурата. Месец август завршува „со изразито големо отстапување на температурата“, покажуваат податоците на DWD.

Сончевиот период на времето беше во очекуваните рамки, со повремени екстремни временски појави, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано