Lifestyle
САМО 13 ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА ИМААТ ДОБАР КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ, најчист воздух имаат три града во Шведска и Португалија
01.09.2024
Само 13 градови во Европа имаат добар квалитет на воздухот, а најчист воздух има во шведскиот град Упсала. Три од четворица граѓани на Европа живеат во урбани средини и повеќето од нив се изложени на небезбедно ниво на загадување на воздухот, покажуваат податоците на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
Најчист воздух имаат шведските градови Упсала и Умео, како и Фаро во Португалија.
Од повеќе од 370 анализирани градови во Европа, само во 13 е забележана просечна концентрација на фини честички ПМ2,5 помали од пет микрограми на кубен метар, што е гранична вредност која е препорачана од Светската здравствена организација.
Меѓу низ се главните градови на Исланд (Рејкјавик), на Естонија (Талин), Шведска (Стокхолм) и на Финска (Хелсинки).
Податоците се собрани од над 500 мерни станици на градски локации во членките на ЕЕА во текот на 2022 и 2023 година.
Лош квалитет на воздухот со концентрација на ПМ2,5 над 16 микрограми на кубен метар има во повеќе од 70 градови, а меѓу нив најмногу се од Италија и од Полска, пренесува „Нова економија.
фото freepic