Lifestyle
ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ПАТУВАЊЕ СО АВИОН, бројот на смртните случаи во авионите се намалувал
04.09.2024
Неодамнешните истражувања покажуваат дека патувањето со авион е посигурно од било кога во минатото. Според новата студија, веројатноста дека некој патник во светот ќе почине во авион било каде во светот е само еден на 13,7 милиони случаи.
Истражувачите на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) во САД ги анализирал глобалните податоци за патниците и смртните случаи меѓу 2018 и 2022 година и откриле дека бројот на смртните случаи во авионите се намалувал во просек за седум отсто годишно. Ова намалување е според образецот на „континуирано подобрување“, кој беше остварен во 1968 година, кога стапката на смртност годишно се намали во просек за 7,5 отсто.
Стапката на инцидентите зависи од тоа во која земја и од која земја летаат. Експертите ги делат земјите на три нивоа на низок, среден и висок ризик, врз основа на податоците за безбедноста во авионскиот сообраќај.
Најнизок ризик имаат групата земји во која се: Европската Унија, Австралија, Канада, Кина, Израел, Јапонија, Црна Гора, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, Велика Британија и САД.
Во втората група на средне ризик се земјите како: Бахреин, Босна и Херцеговина, Бразил, Брунеи, Чиле, Индија, Јордан, Кувајт, Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, Тајланд, Турција, ОАР...
За двете групи на ризик, смртноста е еден на 80 милиони влезени патници во авиони, покажало истражувањето, пишува „Еуроњуз“.
фото freepic