Lifestyle
КИЛОМЕТРАЖАТА МОЖЕ ДА СЕ ВРАЌА И КАЈ ПОЛОВНИТЕ Е-ВОЗИЛА!
11.09.2024
Популарноста за користење на електрични автомобили во светот се зголемува и се повеќе можат да се најдат на пазарот на половни автомобили. Вредноста на скапите е-автомобили брзо се намалува и купувачите полесно се определуваат за возилата кои се стари неколку години, кои изгубиле добар дел од вредноста. Но, Матас Бузелис, експерт од компанијата за податоци на автомобили „карВертикал“, предупредува дека купувачите треба да внимаваат на фактот дека и на електричните автомобили може да се врати километражата, со намера да се сокрие вистинската состојба на батериите што влијае и на повисока продажна цена.
Производителите на електрични возила вообиачено даваат гаранција од 8 до 10 годин или за преминати 160.000 километри за батериите. Колку е поголема километражата толку е послаба батеријата. Меѓутоа, капацитетот на батеријата зависи и од тоа колку автомобилот е полнет и дали сопственикот често ги користел станиците за брзо полнење или дали возилото е полнето бавно и до 80 отсто, како што препорачуваат производителите.
Затоа и возилата со „штелувана“ километража се потешки за реална процена на нивната вредност. Колку батеријата е повеќе користена, толку и половните возила ќе поминат помала километража со едно полнење. Податоците од контролите на половните е-возила покажуваат дека е корегирана километражата кај 2,6 отсто од проверените возила, пишува „Политика“.
фото freepic