Економија
ЕУ ГЛАСАШЕ ЗА ЦАРИНИ ЗА КИНЕСКИ Е-ВОЗИЛА, НО ГЕРМАНИЈА Е „ПРОТИВ“, фирмите од германската автомобилска индустрија се одлучно против царините за кинеските е-автомобили
07.10.2024
Земјите од Европската Унија во петокот гласале за воведување на дополнителни царини до 35,3 отсто на узвозот на електрични возила од Кина, но Германија гласала против оваа мерка, дознава ДПА од дипломатски извори.
Европската комисија претходно најави дополнителни царини откако заврши проверката со која се утврди дека Пекинг ги субвенционирала кинеските производители на електрични автомобили, со што се нарушуваат пазарните принципи и пазарот во Европската Унија. Воведувањето на овие царини во сила, а кои се предвидуваат од ноември годинава, ќе зависи од конечната одлука на Комисијата. Дополнителните царини можат да бидат „повлечени“ доколку Брисел постигне договор на преговарачката маса со Пекинг.
Германија повеќепати повикуваше на натамошни разговори со Кина, бидејќи беше загрижена од воведувањето на противмерки од кинеските власти, кои можат да и нанесат штета на германската автомобилска индустрија.
До гласањето во петокот, германската влада немаше единствен став и Социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц беше против царините, како и германските либерали ФДП. Зелените предлагаат Берлин да гласа „воздржано“ и воедно да се бара решение.
Фирмите од германската автомобилска индустрија се одлучно против царините за кинеските е-автомобили. Извршниот директор на автомобилскиот гигант „Фолксваген“ , Оливер Блуме, изјави дека Европската Унија треба да ги разгледа прилагодувањето на планираните царини за електричните возила произведени во Кина, за да се земе предвид инвестициите кои се направени во Европа, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic