Економија

ЦЕНИТЕ НА КУЌИТЕ СО ПОБРЗ РАСТ ВО ИСТОЧНИТЕ ЗЕМЈИ НА ЕУ, во цела Европска Унија цените на куќите пораснале за 2,9 отсто

Во земјите од Европска Унија продолжува растот на цените на куќите, а поскапувањето е посебно изразено кај земјите од источна Европа.  Во вториот квартал во 2023 година најголем раст на цените има во Полска(+17,7%),  Бугарија  (+15,1%), Литванија (+10,4%), Хрватска (+10,0%) и во Унгарија  (+9,8%). Во цела ЕУ цените на куќите пораснале за 2,9 отсто. Во исто време има и пораст на цените за изнајмување  од 3 отсто, покажуваат податоците на Евростат.

Поевтинување на куќите во споредба со истиот период лани има во: Луксембург(-8,3%), Финска (-4,8%), Франција (-4,6%) и Германија (-2,6%).

Полска е една од членките на ЕУ во која има значителен раст на цените на куќите, а од 2013 година тие се повисоки за трипати.

-  За овој период има висок раст и на платите, но влијание има и порастот на побарувачката за станови и за куќи. Последните години во Полска има и зголемување на бројот на странци, а бројот на легално пријавени работници е околу 1,1 милион, вели Марцин Креглевски, експерт за недвижности.

Дополнителен фактор за зголемување на цените на куќите во Полска  се и повисоките трошоци за изградба на објектите за живеење во периодот меѓу 2016 и 2023 година, пренесува Н1.


фото freepic    

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано