Економија

СЛОВЕНИЈА НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ВТОРИОТ РЕАКТОР ЗА НУКЛЕАРКАТА ВО КРШКО

Долниот дом на словенечкиот парламент го одобри предлогот за спроведување на референдум за изградба на вториот реактор на Нуклеарната електрана „Кршко“ кој ќе се спроведе на 24 ноември годинава. Предлогот за распишување на референдум е поднесен од парламентарното мнозинство  во кои се и пратениците на националните малцинства. Референдумското прашање би гласело: „Дали подржувате реализација на проектот за Нуклеарна електрана Кршко 2 кој со другите нискојагленични извори ќе обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија?“.

Изградбата на новата нуклерана електрана ќе трае неколку години, а проценетата вредност е околу 9,3 милијарди евра за изградба на вториот блок со електрана од 1000 мегавати и 15,4 милијарди за електрана со сила од 1650 мегавати. Конечната процена ќе се знае во 2008 година по добивањето на конечните понуди, пренесува „Енергија.ба“.


фото freepic    

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано